Nov objekt avtokomanda bambild

Продажба на нови станови во Автокоманда Скопје

Совршена комбинација, за вистински избор!

Потрагата по нов дом е вистински предизвик, и е една од најзначајните инвестициски одлуки. Во донесувањето на вистинската одлука клучна улога играат 3 основни критериуми со кои ние не правиме компромис, а тоа се: КВАЛИТЕТ, КОМФОР и ЛОКАЦИЈА. Сигурни сме дека со нашиот нов проект, овие критериуми се совршено комбинирани за вистински избор.

Нови станови во Автокоманда на улица Лазар Поп Tрајков 20 во современ станбен објект, со свој специфичен и атрактивен облик. Објектот располага со три влеза опкружен со јавен паркинг, парк, во непосредна близина на училиште и градинка, пазар и маркети, што дополнително ја олеснува фреквенцијата на движење.

Филозофијата при осмислувањето на станбените единици е нивната максимална искористеност, со што добивате простор кој воедно нуди врвен комфор и одлична функционалност.

При изведбата на становите нашето целосно внимание го насочивме кон квалитетот на материјалите, што Ве осигурува дека Вашиот нов дом има дополнителна вредност во однос на други објекти. Користевме плочки и санитарии со највисоки стандарди, произведени од реномирани европски производители. Во становите вградивме централно греење т.н. железарско парно. Прозорите се ПВЦ со пет комори. Фасадата на објектот задоволува А – стандард за енергетска ефикасност.

ПОНУДА: Нови станови во Автокоманда